X
 07.10.2020 Технологија

„Инстаграм“ прослави 10 години постоење

Вчера „Инстаграм“ прослави 10 години од првото појавување на дигиталните продавници за апликации. Оваа социјална платформа, која „Фејсбук“ ја купи во 2012 година, го промени начинот на кој почнавме да ги споделуваме фотографиите, интегрирајќи нови алатки како „приказни“ и видеоплатформа. Пред 10 години никој не помисли дека „Инстаграм“ ќе стане една од најпопуларните социјални мрежи во светот.

Првата фотографија на оваа мрежа ја постави еден од основачите - Мајк Крејгер, на 17 јули 2010 година како тест за апликацијата. Лошиот квалитет, но и самиот агол на фотографирање најдобро опишува како била замислена оваа апликација.

View this post on Instagram

test

A post shared by Kevin Systrom (@kevin) on


Во тоа време „Инстаграм“ немаше приказни, видеа, ниту звук, туку само опција да се постават фотографии со размер 1:1. Уште во првите денови стана јасно дека од апликацијата ќе произлезе нешто големо, иако кога била правена основачите немале големи очекувања. Една недела по лансирањето се регистрирале 100.000 луѓе.

До декември „Инстаграм“ имал милион регистрирани корисници. Во јуни 2011 година основачите се пофалија дека веќе имаат 5 милиони корисници, за по два месеца оваа бројка двојно да се зголеми.

Денес, ова не е само место за забава и споделување фотографии, туку нуди и можност за заработка, реклами, промоции, нуди можност да станете познати и да ѕирнете во секојдневието на вашиот идол.

Во продолжение се неколку интересни факти поврзани со популарноста на „Инстаграм“:

4,2 милијарди - бројот на нови лајкови секој ден;
1,9 милијарда - толку пати се користи хаштагот #love;
1,8 милијарда - бројот на активни инстаграм-корисници низ светот;
500 милиони - бројот на луѓе што објавуваат „приказни“ (Stories) секој ден;
239 милиони - бројот на следбеници на профилот на Кристијано Роналдо. Тој е број еден на оваа мрежа во однос на следбениците;
100 милиони - бројот на нови постови секој ден;
54,8 милиони - рекордниот број на лајкови на една фотографија на „Инстаграм“ (фотографијата од јајцето);
2012 - годината кога „Инстаграм“ беше купен од „Фејсбук“;
1 милијарда - цената во долари што „Фејсбук“ ја плати за „Инстаграм“;
50 отсто - процентот на инстаграм-корисници што следат најмалку еден бренд;


Извор: Noizz.rs | Thestar.com
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија