X
 14.09.2018 Технологија

Како новите уреди на „Епл“ ќе ви го подобрат животот?

Новиот ајфон Х на „Епл“ беше претставен деновиве, ветувајќи им на клиентите поголем, побрз, посилен, па дури и поевтин паметен телефон.

„Епл“ ги лансира ајфон X, Xs Маx и поевтината верзија XR. Доколку сакате да знаете нешто повеќе за ајфон-сериите, погледнете во продолжение.

Големина

„Епл“ дизајнира нов спектар на телефони. Тие се поголеми од претходниците. Ајфонот Хs има 5,8-инчен екран, а ајфонот Xs Max има 6,5-инчен екран.„XR има 6,1-инчен екран.

apple
Фото: AFP


Сила

Овие телефони се направени од силен материјал. Сега имаат нова формулација на стакло што е најотпорното некогаш направено за паметен телефон. Телефоните се отпорни на прашина и вода, а и на секојдневните истурања кафе, чај и сокови.

Xs и Xs Max може да издржат 30 минути во вода.

Цена


Како и повеќето производи на „Епл“, новите серии не се многу евтини. Xs чинат 1.629 до 1.799 долари, а поголемите, Xs Max модели чинат помеѓу 2.000 долари и 2.369 долари.

„Епл“ создаде и поевтин модел, XR, кој чини 1.229 долари.

Бои

Телефоните доаѓаат во интересни бои. Xs и Xs Mac се достапни во сребрена, сива и златна боја, додека XR во црна, бела, сина, црвена, жолта и корална боја.

33
Фото: AFP


Батерија


Новата серија производи на „Епл“ имаат батерија со долг животен век. Задниот дел од телефонот е направен од материјал што овозможува безжично полнење. Од „Епл“ велат дека телефоните ќе понудат најголем животен век на батерија.

„Screentime“


Ова е одлична функција на новиот оперативен систем. Корисниците добиваат регуларни извештаи за активноста, времето што ќе го поминат онлајн, на апликациите, па дури и бројот колку пати ќе го земат уредот в рака.

screen
Фото: Apple


Препознавање лице


Телефонот содржи дводимензионален скенер за лицето што ќе го прегледа сопственикот пред да го отклучи телефонот.

Камера


Xs и Xs Max имаат две оптички леќи и сензор за камера што е двапати побрз од претходниците. Камерата од 12 мегапиксели нуди неверојатен детал и длабочина за вашите фотографии и можете да ја приспособите вашата длабочина кога правите фотографии.

XS има една камера, но таа е 12 мегапиксели и има леќа со широк агол.

„Facetime“

Новиот „Ајос“ 12 им нуди на корисниците „Facetime“ со 32 различни луѓе истовремено.

Чип за нанометар


Звучи комплицирано, но возбуденоста околу револуционерниот бионичен чип на „Епл“ едноставно му помага на телефонот да ги процесира работите поефикасно. Тоа значи дека овој чип ви овозможува да работите со повеќе апликации без вашиот телефон да кочи.

Здравје и безбедност


Долгоочекуваната серија 4 на часовници од „Епл“ беше највозбудливото лансирање. Електродите во внатрешноста на часовникот овозможуваат правење на ЕКГ, со што ќе можете да ја документирате активноста на вашето срце.

3
Фото: Apple


„Мемоџи“

Лансирана во јуни, апликацијата на телефонот што го скенира вашето лице и ве претвора во анимација е навистина возбудлива. На веб-страницата на „Епл“ се вели дека камерата на телефонот следи повеќе од 50 мускули на лицето за да направи „Мемоџи“ да се движи и да реагира како вас. „Мемоџи“ ќе биде достапен на новиот „Ајос 12“.

memoji
Фото: AFP

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија