X
 03.05.2019 Живот

ОН алармираат: Голем дел од природата е веќе загубен

Експертската група на ОН за биодиверзитет предупреди дека голем дел од природата веќе е изгубен, а она што е останато, продолжува да се уништува.

Во прелиминарниот извештај од 1.800 страници се вели дека природата е извор на безброј богатства – вода, храна, енергија, минерали. Таа е дарежлива кон луѓето. Уловот на риби во светот се зголемил за 50 отсто во текот на изминатите 50 години. Над две милијарди луѓе користат дрво како извор на енергија. Помеѓу 25 и 50 проценти од фармацевтските производи доаѓаат од природата. Растенијата и микроорганизмите играат клучна улога во филтрирањето на водата и чистиот воздух. Флората и океаните апсорбираат повеќе од половина од емисиите на јаглероден диоксид, што предизвикува климатски промени. Но, сите тие богатства се предмет на уништување. Луѓето ја експлоатираат и ја загадуваат животната средина повеќе од кога било.

Денес 75 проценти од животната средина на копно, 40 проценти од океаните и 50 проценти од реките покажуваат знаци на загадување.

Речиси 40 проценти од земјиштето се обработува или е дел од урбаната средина. Незасегнати и „во дивината“ се само 13 отсто од океаните и 23 отсто од земјата.

Исцрпеноста на обработливото земјиште доведе до намалување на земјоделските приноси повеќе од 20 проценти од површината на земјата, што има влијание на повеќе од три милијарди луѓе.

Од 1990 до 2015 година површината на светските шуми е намалена за 5 отсто – од 4,28 милијарди хектари на 3,99 милијарди хектари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот