X
 30.01.2022 Наука

Сите нови згради во овој град мора да имаат тули за пчели

Англискиот град Брајтон вовел измени во законот за планирање според кои секоја нова станбена зграда со височина над 5 метри мора да има посебни тули со место за гнезда за пчели и кутии за гнездо за птици.

Овие тули се со иста големина како и обичните, но имаат тесни отвори во кои пчелите самици може да прават гнездо. Целта на измените е да се зголемат можностите за биолошка разноликост со оглед на тоа што ваквите пчели сочинуваат речиси 250 од приближно 270 вида пчели во Велика Британија и тие играат важна улога во природниот екосистем.

Специјалните тули за пчели им биле предложени на властите во 2019 година, а одредбата се применува од 1 април 2020 година. Корнвал и Дорсет се други места што усвоиле слични политики во земјата.


Фото: Green & Blue

Како што објаснува Феј Клифтон од „Грин енд блу“, компанијата што произведува специјални тули за пчели, пчелите самици најчесто се гнездат во истрошените ѕидарски материјали и стари тули, но модерните згради се совршено изградени и нема простор за гнездење.

Научниците се поделени за ефективноста на овие цели бидејќи некои сметаат дека постојат ризици, како привлекување инсекти и полесно ширење на болести. Но според оние што ја поддржуваат, предностите се поголеми од ризиците.


Фото: Green & Blue

Една третина од светското производство на храна зависи од пчелите и другите опрашувачи, но околу еден од 10 вида пчели во Европа е во опасност од изумирање. Пчелите самици се особено загрозени бидејќи поголемиот дел од иницијативите се однесуваат на медоносните пчели.

Извор: Green
Фото: Green & Blue
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука