X
 03.05.2019 Технологија

Вештачка интелигенција ќе ја предвидува вашата нарачка во „Мекдоналдс“

Во иднина вашата омилена сендвичарница можеби ќе ја знае вашата нарачка уште пред да се приближите до прозорецот.

Гигантот за брза храна „Мекдоналдс“ инсталира киосци засновани на вештачка интелигенција (АИ) во 700 ресторани за време на иницијалниот експериментален период. Машините се способни да сугерираат некои јадења што најмногу се продаваат во зависност од периодот од денот, од времето или кои се тренд во моментот (помислете на сладолед во топол летен ден), како и дополненија во зависност од вашата моментална нарачка.

На повидок е иднина во која АИ ќе врши значаен дел од работата во сервисите за храна, но и иднина во која луѓето што работат како касиери може да станат вишок.

„Мекдоналдс“ неодамна купи израелски дигитален стартап за да помогне со нарачките и маркетингот. Споени со апликација, киосците би имале потенцијал за правење детален профил на склоностите и навиките за јадење на муштериите.

„Мекдоналдс“ веќе имаше киосци во некои ресторани, но следниот чекор, како што најавија од компанијата, ќе биде претставување на технологијата во рестораните каде што се купува од автомобил и на интернационални локации.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија