Расте стравот дека вештачката интелигенција и роботите ќе автоматизираат многу работни места како што се забрзуваат технолошките промени. Некои истражувања предвидуваат дека 40-50 отсто од работните места во САД ќе бидат автоматизирани во наредните 20 години, па многу луѓе се загрижени дека ќе бидат присилени да одат во пензија.
Во истражување од Универзитетот „Оксфорд“ пишува дека голема е веројатноста работните места на 47 отсто од американските работници да бидат автоматизирани во наредните 20 години.
Светот во минатото помина низ неколку индустриски револуции. Првата индустриска револуција била во 18 и 19 век (парната машина и механичкото производство); Втората индустриска револуција се случила од 1870 до 1914 година (електрицитет и масовно производство); Третата индустриска револуција (дигиталната револуција) се случи во 80-тите години од минатиот век; Четвртата индустриска револуција (вештачката интелигенција, роботиката, мрежите, биотехнологијата, интернет на нештата) се случува денес.
Во секоја револуција голем дел од работната сила е изгубена, но создадена е и нова, па така вкупната вработеност останува на високо ниво. Но, овој пат е различно, дел поради фактот што реалниот раст на платата за многу луѓе е низок или никаков, што значи дека нивниот животен стандард не расте.
Како што стануваме попродуктивни низ автоматизацијата и глобализацијата, уделот на БДП што се однесува на работата е паднат, додека уделот на капиталот порасна. Подобро е да се биде инвеститор отколку работник, освен ако поседувате посебни вештини. Дополнително на тоа се чини дека секоја недела се појавуваат нови наслови што најавуваат нови можности на роботите и вештачката интелигенција: автономни автомобили и камиони, автоматизирано правно истражување, роботи во телемаркетингот, роботи што можат да ја отворат вратата и слично.
Дали стравот е претеран?
Дел од експертите сметаат дека стравот е претеран. Професорот по роботика Кен Голдберг и професорот по компјутерски науки Ерик Бревер, и двајцата од Универзитетот „Беркли“, сметаат дека нема премногу темели во тврдењето дека сингуларноста и вештачката интелигенција ќе доведат до исчезнување на многу работни места.
Сингуларност е израз што го проширил американскиот иноватор и футурист Реј Крузвеил, а значи дека технологијата наскоро сама ќе почне да се надградува и да напредува до ниво да стане супериорна на човекот.
До 2030 година ќе се случи сингуларност и ќе изгубиме контрола над вештачката интелигенција, а до 2050 година компјутерот вреден 1.000 долари ќе има процесорска сила колку сите човечки мозоци заедно.
Надеж за подобра иднина
И двајцата споменати професори сметаат дека ќе треба да помине многу време за автономните автомобили да станат стандард.
Кен Голдберг верува дека наместо да се грижиме поради претстојната сингуларност, треба да размислуваме за концептот на различни комбинации на луѓе и машини кои ќе работат заедно на иновации и решавање на проблемите.
И двајцата се надеваат дека во иднина побрзо ќе учиме нови вештини и ќе живееме поразновидни и побогати животи. Ерик Бревер вели дека има чувство дека нашите деца ќе пораснат како генерација што очекува да може да направи што сака во кој било момент.
Ако и понатаму сте загрижени дека вештачката интелигенција ќе ве натера предвреме да се пензионирате, можете да го проверите тоа со помош на овој автоматизиран калкулатор за пензија -
NewRetirement.com. Добрата вест е што паметните луѓе секојдневно работат на користење технологии за да пронајдат подобри решенија за големи проблеми низ светот и во сите
индустрии.