X
 03.05.2020 Наука

Неверојатни астрономски откритија на античките Грци

Херодот преку своите записи покажува како древните Грци гледале на светот во средината на 5 век пр.н.е. Нивните откритија и теории ја поставиле основата за големи подвизи подоцна. На пример, Херодот тврдел дека Африка речиси целосно била опколена со море. Како го знаел ова? Тој се водел од вистинска приказна на морнари што пловеле околу Африка. Патувањето траело повеќе години, но притоа морнарите го набљудувале сонцето и не можеле да ја разберат неговата положба бидејќи тогаш не знаеле дека Земјата имала облик на сфера.

Планетите кружат околу Сонцето

Неколку векови подоцна Аристарк од Самос тврдел дека Сонцето било „средишен оган“ на космосот и ги поставил сите познати планети во нивниот правилен редослед. Ова е првиот хелиоцентричен модел на Сончевиот Систем. За жал, оригиналниот текст во кој Аристарк ја образложил теоремата бил изгубен, па не можеме да знаеме како стигнал до своите заклучоци. Ова откритие подоцна било направено во 16 век од Никола Коперник, кој го споменал Аристарк во неговата работа.


Фото: Pixabay

Големината на Месечината

Една од книгите на Аристарк што биле зачувани е за големината и оддалеченоста на Сонцето и Месечината. Аристарк ги направил најраните познати пресметки за релативната големина и оддалеченост до Сонцето и Месечината.

Тој пресметал и дека Сонцето, Земјата и Месечината ќе направат форма на триаголник, а според Питагорината теорема, тој проценил дека оддалеченоста од Сонцето е околу 18 до 20 пати поголема од оддалеченоста на Земјата од Месечината. Тој проценил и дека големината на Месечината е еднаква на околу една третина од големината на Земјата следејќи ги помрачувањата на Месечината. Неговата претпоставка за оддалеченоста од Сонцето била погрешна, но односот помеѓу големините на Земјата и Месечината бил точен.


Фото: Pixabay

Обемот на Земјата

Ератостен бил библиотекар во библиотеката во Александрија. Тој сакал да прави експерименти и едно од неговите најголеми достигнувања е првата пресметка на обемот на Земјата. Неговиот метод се засновал на мерење на различните должини на сенката на објекти поставени вертикално во различни периоди од денот. Ератостен пресметал дека обемот на Земјата е околу 40.000 километри и бил блиску до вистинскиот број.

Првиот астрономски калкулатор

Најстариот механички калкулатор бил откриен на грчкиот остров Антикитера во 1900. Уредот сега е оштетен поради неговата старост, а не се знае кој го направил, но датира од времето помеѓу 3 и 1 век пр.н.е.

Извор: indiagoneviral.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука