На Арктикот е изграден посебен сеф за складирање на илјадници семиња. Научниците стравуваат дека поради влијанието на климатските промени и пролонгираните конфликти може да имаат катастрофални последици за прехранбените култури од целиот свет.
Глобалниот сеф за семиња е изграден во внатрешноста на планината, близу градот Лонгербјен на далечните Свалбард Острови. Во сефот се наоѓаат илјадници семиња примероци од десетици различни земји.