X
 06.11.2019 Наука

Поради климатските промени, планинарењето е сѐ поопасно

Планинарењето во некои делови од светот стана сè поопасно поради климатските промени, предупредуваат научниците и експертите.

Глобалното затоплување ја намали ледената и снежна прекривка на Алпите, што резултира со чести одрони на камењата и лизгање на земјиштето.

И топењето на глечерите ги зголемило предизвиците на планинарите. Некои планинарски патеки се напуштени или изменети поради зголемените ризици, а на некои локации сезоните за искачување се променети.

Истражувањата за плановите за планинарење на масивот Мон Блан покажале многубројни промени. Речиси сите маршрути за регионот биле погодени со промени од 70-тите години и неколку патеки повеќе не постојат.

- Сè потешко е да се предвидат временските услови за искачување на овие патеки, а тие стануваат и поопасни - изјави Жак Мори од Универзитетот „Гренобил Алпс“.

1

Истражувањето спроведено од француски тим во 2017 година. во кое биле вклучени неколку врвови на масивот Мон Блан, открило значителна деградација на вечниот мраз помеѓу 1850 и 2015 година.

Тоа предизвикало падините да станат нестабилни и да настане одронување на земјиштето.

- Голем дел од овие искачувања станаа исклучително опасни. Многу традиционални искачувања на мраз во источните Алпи се погодени од одрони од карпи и камења, како и паѓање на камења од ледените зони при крајот на летото или есента - вели Флорија Ритер од Универзитетот во Виена.

- И водичите ги снимија опасностите што го загрозуваат целиот планински венец - вели коавторот на истражувањето, Арнауд Треме, географ на Универзитетот „Вагенинген“ во Холандија.

Во последните 10 години мрежата за безжични сензори на Матерхорн испраќа податоци за условите на карпите, вечниот мраз и климатските услови.

- Врз основа на податоците што ги добиваме, можеме да видиме дека темпото на промени е прилично брзо. Како резултат на тоа, на некои места повеќе не можеме да се искачуваме - вели Јан Беутел, научник од Цирих. 

Експертите и водичите велат дека искачувањата стануваат многу потешки и потребно е приспособување.

- Одроните на камењата стануваат најголем предизвик. Влијанието на изменетата клима е различно - на некои планини е огромно, а на други не - вели претседателот на Меѓународната федерација на планински водичи, Кристијан Тромсдорф.

Иако има малку истражувања спроведени на Хималаите, планинските водичи велат дека искачувањата стануваат поопасни и дека тенкиот мраз што ги покрива карпите е особено опасен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука