Американската вселенска агенција НАСА објави нова фотографија од центарот на нашата галаксија. Фотографијата била направена со помош на фотографии направени од опсерваторијата „Чандра“ на НАСА и телескопот „Миркат“ во Јужноафриканската Република.
Она што е портокалово, зелено, сино и виолетово е фотографирано во опсерваторијата за х-зраци „Чандра“, додека сивите и светловиолетовите делови се направени со радиотелескопот „Миркат“.
Центарот на Млечниот Пат е точката околу која кружи нашата галаксија. Детална анализа на новата фотографија може да им помогне на астрономите да научат повеќе за она што се случува во центарот на галаксијата.
Од НАСА објасниле дека временските услови во центарот на галаксијата зависат од настани како експлозии на супернови, испуштање топли гасови од ѕвездите и експлозии од црната дупка во галаксијата.
Извор:
CNet