X
 18.01.2017 Технологија

Лансирањето на ракетата „Фалкон 9“ снимено од воздух


Компанијата „SpaceX“ успешно ја лансираше и ја спушти ракетата што испорача потребни материјали на десет комуникациски сателити.

Лансирање на ракета

Приватната компанија „SpaceX“ успешно ја лансираше и ја спушти ракетата „Фалкон 9“, а целиот потфат е снимен од воздух.

Ракетата им испорача потребни материјали на десет комуникациски сателити кои се наоѓаат во орбитата после неуспешниот обид во август, кога „Фалкон 9“ експлодираше заради протекување на гас.

Ракетата е лансирана од воздушната база во Калифорнија, а Амир Блахман, Бен Маркус и Ван Еспахбоди кои учествуваа во финансирањето на различни аспекти од истражувањата на вселената, лансирањето го снимија од воздух, отприлика на три километри висина.

„SpaceX“ ја развива ракетата „Фалкон 9“ што може повеќекратно да се употребува.

Откако доставата на материјалите ќе биде успешно завршена, ракетата се враќа на Земјата, полека слетува и може повторно да се користи.

Досега повеќе обиди и тестирања беа неуспешни.

Првиот обид за лансирање на ракетата, „SpaceX“ го изведе во 2012 во Калифорнија.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија