Нашата галаксија, Млечниот Пат, е извиткана, а не рамна, како што претходно се мислеше, покажуваат новите истражувања.
Анализата на најсветлите ѕвезди во галаксијата покажува дека тие не лежат на рамнина, како што е прикажано во популарните научни книги. Астрономите од Универзитетот во Варшава шпекулираат дека можеби била деформирана од минатите интеракции со блиски галаксии.
„Сајенс“ објави и нова тридимензионална мапа.
Популарната слика од Млечниот Пат како рамен диск е базирана на набљудувањето на 2,5 милиони ѕвезди од можно 2,5 милијарди. Затоа, според Дорота Сковрон од Универзитетот во Варшава, импресиите се груби приближности до вистинската форма на нашата галаксија.
-Внатрешната структура и историја на Млечниот Пат сѐ уште се далеку од разбрани, делумно поради тоа што е екстремно тешко да се измери растојание до ѕвезди во пооддалечените региони од нашата галаксија - истакна таа.
За да добијат поточна слика, Сковрон и нејзините колеги го измериле растојанието до некои од најсветлите ѕвезди во Млечниот пат. Тоа се големи млади ѕвезди кои горат стотици, ако не и илјадници пати посветло од нашето Сонце. Тие можат да бидат толку светли што може да се забележат на работ од галаксијата. Исто така, овие ѕвезди треперат во редовни интервали со ритам кој е директно поврзан со нивната светлина. Ова им овозможува на астрономите да ја пресметаат оддалеченоста со голема
прецизност.
Фото: Freepik