Според најнови откритија пиењето на урината е малата тајна на долгите патувања во вселената.
Фото извор: Smitsonian Channel
Трошоците за транспорт на вода во Меѓународната вселенска станица и пошироко се огромни, 48.000 долари по литар, па инжинерите на НАСА мораа да најдат поевтина опција.
Методот е најден, но колку ќе им биде угодно на астронаутите да го применуваат е прашање на кое допрва треба да се бара одговор. Се работи за тоа да ја претворат сопствената урина во вода.
Секако, урината минува низ процес на преработка после кој може да се консумира. Во видеото подолу е објаснето како помага на уредот со кој се постигнува истото, да го одработи своето.
На крај се добива добро прочистен дестилат на
урината кој се става во процесор на вода, за натамошна филтрација пред да биде консумиран.