Син ми има 22 месеци, а јас како мајка сакам да го поминувам целото слободно време со него, заедно играме, смислуваме нови игри, изработуваме едукативни игри и сè е во најдобар ред, но доколку се појават свекорот и свекрвата, тој сè остава за да оди долу кај нив, бидејќи живееме во заедница. Кога се тие дома, јас поретко сум со син ми, само го земам доколку треба да јаде или да спие и тоа ужасно многу ми пречи. Пробав со убаво да им кажам дека детето треба да поминува време и со мајка му и татко му, но веднаш се налутија. А кога детето е со нив и ако сум јас тука, тоа доаѓа и ме удира. Баба му ги гледа сите работи што ги правиме заедно, па потоа ги прават и тие истите работи заедно со син ми долу. Ако му пуштам некоја песничка што ја сака, истата му ја пушта и таа, едноставно не можам да најдам нешто што би можеле да го правиме само ние заедно. Ми се појавува анксиозност, а најлошо е што ни мојот сопруг не ме поддржува – ако се пожалам, ги оправдува. Како да му пристапам на син ми, како повторно да го придобијам и кога не сме сами, убаво да се однесува со мене. Искрено, кога знам дека тие се дома, излегувам надвор со син ми и не сакам да се вратам дома.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк.