X
 11.07.2024 Живот

Има 1,5 година, но не зборува и не оди. Сестра му го третира како да е кукла и веќе неколку пати ѝ има паднато, како да постапам?

Мајка сум на 18-месечно дете и сум загрижена што не зборува и не оди само. Разбира кога му зборувам, на пр., „гушни ме“, „дај ѝ на мама“. Го пуштам сам да оди, но многу се плаши и не знае да паѓа, паѓа на глава. Кога седи сам, не може да стане. Се плашам малку зашто гледам како другите дечиња седнуваат, стануваат и паѓаат на газе, но моево е ептен како без сила.
Имам и ќеркичка која го третира како да е кукла, го носи, го крева, го бакнува, но се плашам дека ќе го повреди, веќе неколку пати ѝ има паднато. Сите методи ги пробав, и со убаво и со лошо, за да ѝ објаснам, но не ме слуша. Како да ја натерам да ме слуша? Во странство сме и по цел ден сум сама со нив дома. Ве молам за совет.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот