X
 03.07.2019 Живот

Пливањето го подобрува учењето

Пливањето го намалува нивото на хоромот на стрес – кортизол, а го зголемува ендорфинот, кој ја намалува болката. Токму затоа, по пливањето сме опуштени, а не уморни.

Многубројни истражувања потврдија дека пливањето поттикнува обновување на нервните клетки во хипокампусот, кој, меѓу другото, е важен и за просторната ориентација, помнењето и способноста за учење нови податоци.

Eдноставно, пливањето нè прави попаметни. Докажано е дека децата што учат да пливаат на најрана возраст имаат поголеми шанси за поефективно образование во споредба со децата што подоцна учат да пливаат.

Истовремено со развојот на мозокот пливачките движења ги активираат невроните во десната и левата хемисфера на мозокот, ја стабилизираат карлицата, ги зајакнуваат рамењата и ги подобруваат рефлексите.

Испитување спроведено во 2014 година покажа дека при пливање протокот на крв низ мозокот се зголемува за 14 проценти. Сето ова, заедно со зголемувањето на ендорфинот како хормон на расположението, го изострува фокусот, овозможувајќи му на човекот поефективно и побрзо учење.

За најдобри резултати, треба да се плива триесет минути дневно, и тоа трипати неделно.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот