X
 27.04.2017 Образование

Како Елон Маск учи побрзо и подобро од сите други?

Веројатно е да се прашувате како Елон Маск изгради мултимилјардерски компании до неговите 40-ти во четири области (софтвер, енергија, транспорт и воздухопловство). Некои велат дека тоа се должи на 85те неделни часови работа, способноста да постави визии за изопачување на реалноста и неговата неверојатна флексибилност.


Фото: Wikipedia

Исто така, за да се биде многу успешен често се смета дека треба да бидете посветени на едно поле. Но, луѓето како Маск се експерти-генералисти, т.е. ги познаваат основните принципи кои ги поврзуваат тие полиња и ги применуваат во нивната основна специјалност.

Ако студирате повеќе области се смета дека не сте професионални во ниту едно од нив. Но луѓето како него покажуваат дека тоа е погрешно. Кога се студираат повеќе области во предност сте со информациите, а со тоа и во иновациите. Секоја нова област која се учи овозможува да се прават комбинации кои другите не можат да ги направат.

Уште во раните години тој читал по две книги на ден според брат му, Кимбал Маск. Најпрвин читал за научна фантастика, филозофија, религија, програмирање, биографии на научници и претприемачи. Во подоцнежните години неговите интереси станале физика, инженерство, дизајн на продукти, бизнис, технологија и енергија. Тој е многу добар во применување на знаењето од еден контекст во друг и токму оваа вештина го прави да биде толку успешен.

Како Елон Маск учи?

Тој вели дека е важно знаењето да се гледа како семантичко дрво, да бидете сигурни дека ги разбирате основните принципи, пред да одите на детали . Едне техника е особено моќна да доловат тие принципи и е позната како „контрастни случаи“.

Ако сакате да ја деконструирате буквата „А“ и да разберете што ја прави таква каква што е, употребете ги овие два пристапа. Со првиот пристап имате повеќе увид во она што останува исто и во она што се разликува од другото, а во вториот пристап не постои никаков увид. Во реалноста, треба да се изложите на различни пристапи, да ги деконструирате и да ги согледате контрастите за да ги извлечете принципите.

Во вториот чекор, тој ги реконструира основните принципи што ги научил во вештачката интелигенција, во технологијата, физиката, и инженерството во одделни области.

Со разбирање на супермоќите за учење на Маск може да се добие увид во тоа како може да се пристапи на индустрија која била присутна околу 1 век и да се промени целата основа на тоа како областа се натпреварува.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование