X
 03.07.2024 Наука

Гледањето спорт на телевизија може да ја подобри вашата благосостојба

Неодамнешно истражување истакна одреден тип телевизиска содржина што нуди големи придобивки.

Очигледно, гледањето спорт на телевизија може да биде добро за вас. Наодите беа објавени во списанието „Спорт менаџмент ривју“ и вклучуваа три различни подгрупи на истражувања во кои биле вклучени јапонски учесници.

Првото истражување ја испитувало врската помеѓу гледањето спорт и подоцнежната благосостојба преку анализа на јавно достапни податоци на голем примерок од 20.000 учесници. Истражувачите забележале општ тренд што покажувал дека редовното гледање спорт придонесува за поголема благосостојба на учесниците.

Второто истражување го разгледувало влијанието на гледањето спорт пред и потоа. Овој истражувачки тим регрутирал повеќе од 200 жители на Јапонија кои изјавиле дека се чувствувале подобро откако гледале спортски видеа, особено кога се работи за популарни спортови како бејзбол.

Се разбира, постојат некои нијанси бидејќи некои луѓе имаат природна предност за некои спортови пред други, но генерално, попопуларните спортови покажаа подобар одговор на чувството на задоволство.

Исто така, истражувачкиот тим спроведе експеримент со невровизуализација со 14 јапонски учесници користејќи МРИ-скенирања за да ги процени промените во функцијата и структурата на мозокот.

Иако резултатите од ова истражување се интересни и интересно е тоа што постојат здравствени придобивки од гледањето спортови, важно е истражувањето да не се користи како причина да останете залепени за екраните 24/7 или да ги занемарите другите важни аспекти од животот, како што се поминување време на отворено и вежбање.

Извор: Novilist.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука