Најновиот ловец на планети што НАСА во април го лансира во вселената, наречен TESS, веќе успеа да се пофали со првата откриена планета.
НАСА во понеделникот објави фотографија од јужното небо на која може да се видат стотици илјади ѕвезди. Станува збор за прва фотографија што ја снимиле сите четири камери од сателитот, а го прикажува подрачјето што треба да биде анализирано. Но, ова е само „загревање“.
Експертите на НАСА потоа објавија нацрт од работата што треба да се спроведе на првата планета што ја откри TESS. Тие наведуваат дека станува збор за супер-Земја што се наоѓа во орбитата на ѕвездата Пи Менса, оддалечена 60 светлосни години.
НАСА на својот твитер-профил го потврди откритието за потенцијален кандидат за впишување на листата со планети. Супер-
Земјата не е сама. Недалеку од неа се наоѓа уште една џиновска планета, 10-ина пати поголема од Јупитер.