X
 09.05.2024 Наука

Откриено зошто кога сме под голем стрес, можеме да доживееме интензивно чувство на страв

Група научници предводени од Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего, го открија невробиолошкиот механизам кој лежи во основата на тоа зошто чувствуваме анксиозност поради стресот: откритие што може да доведе до развој на метод за негово блокирање.

Нашиот нервен систем е природно предиспониран да го перципира стравот, без разлика дали тој е предизвикан од вознемирувачки звуци, особено ако сме сами и во темнина, звук на животно од кое се плашиме, но и звуци и слики кои нѐ враќаат во страшни ситуации.

Нашиот одговор е добро познат механизам за преживување кој нѐ принудува да останеме будни и да избегнуваме опасни ситуации. Но, во одредени ситуации, стравот може да биде штетен за нашата благосостојба.

Оние што претрпеле епизоди на тежок стрес или стрес опасен за живот, може подоцна да доживеат интензивни чувства на страв, дури и во ситуации кога не постои реална закана. Искусувањето на оваа генерализација на стравот е психолошки штетно и може да резултира со долгорочни ослабувачки состојби на менталното здравје, како што е посттрауматско стресно нарушување.

Конкретно, истражувачите откриле дека акутниот стрес предизвикува промена во хемиските сигнали во невроните, преминувајќи од возбудливи „глутамат“ невротрансмитери на инхибитори, што доведува до генерализирани одговори на стравот.

Истражувачите не само што ја идентификуваа локацијата на невроните што го префрлија нивниот предавател, туку ги покажаа и врските на тие неврони со централната амигдала и латералниот хипоталамус, региони на мозокот кои претходно беа поврзани со генерирање други одговори на страв.

- Сега кога го разбираме основниот механизам преку кој се јавува стравот предизвикан од стрес, интервенциите можат да бидат насочени и конкретни - заклучуваат истражувачите.

Извор: Novilist.hr
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука