X
 03.08.2019 Живот

Ова е најдобриот начин за чување на лебот

Многу луѓе лебот го оставаат на работната маса во кујната, во кутија за леб или во некое орманче, а притоа го чуваат во хартиена или пластична кеса. Тоа е грешка поради која лебот брзо мувлосува или станува бајат.

Ќесата полека, но сигурно ќе го исуши лебот, а собната температура е идеална за развој на мувла. Плус, ако лебот го оставате на места каде може да дојде во контакт со вода, тој може уште побрзо да мувлоса.

Најдоброто решение можеби ќе ви звучи лудо, но навистина е феноменално поради повеќе причини. Најдобро е лебот да го чувате во замрзнувач. Така секогаш ќе имате свеж леб, а можете да го одмрзнете на два начина:

1. Ако ви треба веднаш, заледениот леб ставете го во алуминиумска фолија и загрејте го во рерна;

2. Ако сакате свеж леб за утредента, извадете го пред спиење и ставете го на чиста кујнска крпа за да може полека да се одмрзнува во текот на ноќта.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот