X
 09.01.2020 Живот

По влегувањето во ЕУ, Хрватска алармантно го зголемила увозот на печива

Речиси секој петти леб што завршува во хрватските домови е увезен - замрзнат. Не само лебот, туку тоа се однесува и на повеќето пекарски производи што се увезуваат како полуготови производи.

Податоците се алармантни ако се земе предвид дека од влезот во Европската Унија трендот на увоз на леб е во пораст.

- Во првите седум месеци увозот на леб се зголемил за речиси 30 отсто, на слатките производи за 28 отсто - истакна Нада Баришиќ од здружението „Житозаедница“.

Дури 50 отсто од увозот се однесуваат на фините пекарски производи, во што предничат големите трговски синџири кои нудат богат избор и поевтини пекарски производи.

Хрватска лани увезла леб за 75 милиони евра, а најмногу увезува од Полска, Германија, Словенија и Италија, објаснува Дражен Милоложа од Хрватската стопанска комора.

Покрај тоа што е голем увозник на замрзнати и полуготови пекарски производи, Хрватска воедно е и нивни голем потрошувач. Како што наведуваат хрватските медиуми, секој Хрват годишно јаде дури 62 килограми пекарски производи и по оваа статистика оваа земја е на самиот врв во ЕУ.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот