X
 03.08.2020 Живот

Пријавете се - Прекрасен остров во Шкотска бара нови жители

Далечен остров во Внатрешни Хебриди во Шкотска сака да привлече луѓе да живеат таму, така што, ако сакате да го промените местото на живеење, ова би можело да биде совршеното место за вас.

Островот Рам е сосема малечок, со население од 30 до 40 возрасни и деца, иако бројката може да варира со сезонските работници. Сега заедницата бара луѓе кои ќе можат да живеат во четири нови еко-домови што моментално се во фаза на изградба во селото Кинлох. Досега беше тешко луѓето да се преселат во Рум без понуда за работа и дом, а овие куќи ја острануваат големата пречка за пристап до можностите на островот.

Со само 12 километри од едниот до другиот крај, Рам е познат како Забранетиот Остров. Бил продаден на организацијата „Конзервација на природата“ во 1957 година и оттогаш станал резерват за животинскиот свет. Кинлох, е единствената населба на островот, а величествениот замок е главната атракција на ова место.

Заедницата сега бара динамични поединци или семејства кои би сакале да се вклопат во начинот на живот на островот и да помогнат да се постигне позитивна промена за оваа млада и растечка заедница. Сите домови имаат интернет, а кандидатите кои имаат вештини за бизнис и трговија што би помогнале во развој на локалната економија се топло добредојдени. Крајниот рок за пријавување е 28 август 2020 година. Дополнителни информации можете да добиете ТУКА.

1
Фото: Instagram

Извор: Lonely Planet
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот