X
 13.11.2016 Наука

Теорија за островот Санторини во која веруваат многу луѓе

Многу луѓе веруваат дека грчкиот остров Санторини каде катастрофалната ерупција предизвика цунами кое ја уништи минојската култура, всушност е некогашната Атлантида.

Не се знае как Минојците се нарекувале себеси. Нивното име потекнува од митскиот владетел Миносл кој им го доделил британскиот археолог Артур Еванс. Грчките научници сметаат дека цунамито кое ја потопило Атлантида било предизвикано од пирокластични материјали. Новото истражување вели дека цунамито било предизвикано од лава, односно голема количина на пирокластичен вулкански материјал кој навлегол во морето.

Новата теорија ги менува претходните толкувања според кои ерупцијата на Санторини и тонењето на вулканскиот кратер, се сметале за главен виновник за исчезнувањето на културата на Минојците. Докази дека постоел бран со висина од најмалку 9 метри биле пронајдени на неколку места во близина на грчкиот остров Крит.

Претходните истражувања тврдат дека колапсот на вулканскиот кратер, калдерата, во морето предизвикал цунами. Но, научниците од Националниот и Каподистриан Универзитетот во Атина имаат друга теорија. Анализирајќи го морето под вулканскиот кратер, тие пронашле докази кои покажуваат дека кратерот не бил поврзан со морето кога потонал.

Овие наоди укажуваат на тоа дека кратерот го потопил морето после ерупцијата но дека тонењето на кратерот не можело да го создаде катастрофалното цунами. Наместо тоа, научниците мислат дека голема количина од вулканските пирокластични материјали потонале во морето доста брзо, со што се создало моќно цунами.

Приказните имаат многу заеднички точки


Легендата за Атлантида е една од најстарите. Првиот пишан извор за Атлантида произлегува од филозофот Платон, 360 години п.н.е пишувајќи за земја која потонила во морето и исчезнала без трага. Платон вели дека народот на Атлантида живеел во мирна и просперитетна земја позади Столбовите на Херкул.

Минојската населба Акротири на Санторини била развиена населба уништена од моќната ерупција на вулканот на Санторини околу 1500 година п.н.е. Описот на Платон има многу заеднички елементи со приказната за Акротири која исчезнала без трага. Претпоставувајќи дека станува збор за истата населба, ова би значело дека островот е всушност изгубената и исчезнатата Атлантида.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука