Дали некогаш сте си играле со руските кукли бабушки? Е, па, замислете дека таа игра се игра во природата со пејзажите.
Лузон е најголемиот и најнаселениот остров на Филипините. На Лузон се наоѓа големо езеро наречено Тал, во чиј центар се наоѓа вулканот Тал. Да, има вулкан во езеро и тој е активен повеќе од три децении.
На врвот на вулканот има калдера, базен кој се создал пред илјадници години и се наполнил со толку многу вода што денес е најголемото кратерско езеро во светот. Ако тоа не ви е доволно чудесно, треба да знаете дека во центарот на ова кратерско езеро е крајниот дел од оваа бабушка - мал остров и вулканска купа наречена Вулканска Точка.
Но, како се создало ова сложено географско обележје? Сè започнува од вулканот Тал. Овој активен вулкан, кој се наоѓа на 55 километри јужно од Манила, се смета за еден од најопасните вулкани во светот. По една голема ерупција планината Тал колабирала и се формирал кратер кој со текот на времето се наполнил со вода. Така настанало езерото Тал.
Иако вулканот е озлогласен, десетици храбри туристи секојдневно се искачуваат на него. Можеби глетката вреди за да се преземе тој
ризик.