Долго време набљудувачите на индустријата и експертите мислеа дека вкупната глобална продажба на „плејстејшн 2“ е неспоредлива со која било друга платформа. На крајот на краиштата, неговите наследници никогаш не успеаја да ја надминат границата од 100 милиони, а не успеаја ниту неговите современи конкуренти - со еден забележителен исклучок. „Вии“ на „Нинтендо“, кој беше продаден помеѓу 2006 и 2017 година и беше достапен четири години подолго од „плејстејшн 2“, достигна 102 милиони продадени единици. „Нинтендо свич“, објавен во март 2017 година, сè уште може да се гледа како потенцијален кандидат за симнување од тронот на најпродаваната конзола на „Сони“, иако е јасно дека изгуби дел од својата привлечност и покрај тоа што „Нинтендо“ тврди дека ќе го поддржува „свич“ во годините што доаѓаат.
До 31 март 2024 година, „Нинтендо“ продаде повеќе од 141 милион единици од „свич“, додавајќи околу два милиони за кварталот и 15,7 милиони за фискалната 2023 година. И покрај зголемувањето од објавувањето на „Легендата за Зелда: Солзите на кралството“ во мај 2023 година, која продаде 20 милиони единици до март 2024 година, сепак тоа беше најслабата година за продажба на хардвер на „свич“ од 2018 година. Важно е да се забележи: кога ќе ја земете далеку помалку приспособливата верзија „лајт“ на платформата „свич“, хибридната конзола и нејзината ОЛЕД-варијанта, падна од второ на трето место со 117,8 милиони продадени единици во својот животен век.
Покрај „Нинтендо“, „Сони“ доминираше во гејмерскиот свет во последните две и пол децении, со три од неговите „плејстејшн“ конзоли меѓу првите четири. Според официјалните податоци на „Сони“, компанијата има продадено повеќе од 155 милиони ПС2 единици од лансирањето, што ја прави најуспешната конзола за видеоигри. Откако компанијата за забава ќе ги објави своите квартални резултати следната недела, нејзината конзола „плејстејшн 5“ од сегашната генерација најверојатно ќе влезе во топ-8 конзоли за игри, поместувајќи го „нинтендо ентертејмент систем“ и зголемувајќи го бројот на „плејстејшн“ во првите осум на четири.
Додека неговите ривали „Сони“ и „Мајкрософт“ веќе се префрлија на конзолите од следната генерација во 2020 година, „Нинтендо“ се спротивстави на верзијата од следната генерација на својот хибриден рачен уред, иако вестите за најава за „свич 2“ кружат подолго време. По објавувањето на најновите финансиски резултати на јапонската компанија, кои покажуваат добивка по оданочување од 2,8 милијарди долари на приходи од 10,4 милијарди долари и профитна маржа од 55 проценти за фискалната година, претседателот на „Нинтендо“ понуди појаснувања за иднината на игрите. Според Шунтаро Фурукава, компанијата ќе сподели официјални информации за следната генерација на „свич“ во претстојната фискална година, која ќе трае до крајот на март 2025 година, но не навреме за следниот „Нинтендо директ“ фокусиран на софтвер во јуни. Точната содржина на оваа објава засега не е позната.
Извор: ictbusiness.info
Фото: Freepik