Книгата „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ го доби своето шесто издание.
Будење на свеста е вистинска авантура испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето.
Од моментот на првото издание, книгата која претставува водич за лична и колективна преобразба разбуди голем интерес кај македонската читателска публика. За многу краток период книгата беше преведена и издадена и на англиски јазик. „Будење на свеста“, или „Awakening Consciousness“, несомнено ги освои срцата на голем број читатели, а огромниот број позитивни рецензии се доказ за позитивната промена што ја направи книгата во размислувањето и животот на читателите.
Според интернет-статистиките, „Будење на свеста“ е една од најчитаните книги за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Книгата може да се купи во продажните места на издавачкиот центар
ТРИ. Англиската верзија на книгата може да се купи преку меѓународната веб-страница
www.awakeningconsciousness.com, исто така на
myWorld.com, на
Amazon и буквално на сите светски платформи за книги.