X
 03.09.2021 Живот

Доследно да се почитуваат сите мерки за заштита

Министерството за образование и наука апелира доследно да се почитуваат сите мерки за заштита од ковид-19 со оглед дека наставата започна со физичко присуство на сите ученици од основните и во средните училишта.

Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени од раководствата на училиштата на 2 септември, меѓу учениците само 0,01 % се активни случаи на ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар.

Во соопштението се нагласува дека минатогодишното искуство покажало дека со практикување на мерките, училиштата не се трансмитери на заразата. Секако, неопходно е одговорно однесување и надвор од училишните објекти.

Во учебната 2021/2022 година, настава во основните и во средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот