Семејствата со мали плати може да аплицираат за ваучери од 3.000 денари наменети за купување училиштен прибор во учебната 2020/2021 година. Ова е една од кризните мерки на Владата за помош на социјално загрозените семејства во време на светската пандемија на Ковид-19.
Помошта се однесува на ученици запишани во јавните средни училишта кои живеат во семејства со низок доход. Според пропозициите, учениците треба да бидат постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на уредбата и да живеат во семејство во кое остварениот просечен месечен доход не е поголем од просечната плата во месец март оваа година.
Според огласот на Министерството за образование и наука, под училиштен прибор се подразбира: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.
Повеќе за огласот прочитајте
ТУКА.