X
 11.05.2022 Живот

Заврши средбата меѓу СОНК и МОН, в петок се очекува договор за зголемувањето на платите

По денешната средба меѓу СОНК и МОН, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, соопшти за што се разговарало и најави следна средба за в петок, кога, според него, се очекува конечно усогласување меѓу двете страни во врска со повеќе прашања.

- Денеска во просториите на СОНК се одржа уште една средба помеѓу СОНК и МОН, во рамките на дополнителниот десетдневен период за помирување. Тема на оваа средба беа колективните договори за основно и за средно образование, а двете страни расправаа по прашања кои треба да бидат составен дел на колективните договори. Исто така, се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот што следува. Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато в петок, 13.5.2022 година, за кога е закажана и следната средба - истакна Неделков на социјалните мрежи.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот