Научници од јапонскиот Национален одбранбен медицински колеџ создадоа вештачка крв која може да се користи кај секој пациент, без оглед на крвната група.
Ако се пренесе во испитувања врз човекот, изумот може да се докаже како екстремно корисен во случаи кога не е достапна крв од одредена група.
- Тешко е да се зачува доволна количина на крв за трансфузии во зафрлени острови. Вештачката крв ќе може да спасува животи на луѓе кои инаку не би можеле да бидат спасени - истакна Манабу Киношита, доцент по имунологија на колеџот и коавтор на трудот.
Според трудот на тимот, кој беше објавен во американското медицинско списание „Трансфужн“, крвта исто така би можела да се користи за лекување на пациентите уште пред да стасаат во болницата затоа што нема потреба од утврдување на крвната група за да се направи
трансфузија.
Крвта се состои од крвни плочки и црвени крвни зрна и може безбедно да се чува на собна температура повеќе од една година. Засега тимот успешно ја тестирал крвта кај зајаци. Крвта спасила повеќе од нив од масивно крвавење предизвикано од траума.