X
 07.08.2019 Живот

Истражувањата покажуваат дека топлотниот бран во Европа е последица на глобалното затоплување

Топлотниот бран што минатиот месец ја зафати Западна Европа со рекордно високи температури бил поинтензивен поради климатските промени што ги предизвика човештвото, соопштија научниците.

Во студија на тим европски научници се укажува на низа докази дека глобалното затоплување создадено од човекот е одговорно за топлотниот бран во Европа.

Научниците наведуваат дека бранот би бил за 1,5 до 3 Целзиусови степени послаб да не беа климатските промени.

Тие тврдат дека топлотниот бран, каков што беше, би можел да се случува на секои 50 до 150 години поради глобалното затоплување. Додаваат дека без влијанието на човекот на климата таквиот топлотен бран веројатно би се случувал еднаш во илјада години.

Научниците предупредуваат дека доколку не се направи ништо, рекордните 42 степени, кои беа регистрирани неодамна, до 2050 година ќе станат 45 степени.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот