X
 24.01.2020 Наука

Научници открија антички вируси во глечер

Во 2015 година научници од Кина и од САД отпатуваа во Тибет за да соберат примероци од најстариот глацијален мраз на Земјата.

Неодамна тие објавија труд во кој се наведуваат детали за откривањето на 28 нови вирусни групи во мразот стар 15.000 години, но и предупредување дека климатските промени би можеле да ги ослободат античките вируси во модерниот свет.

Тимот копал на длабочина од 50 метри во глечерот за да земе две ледени јадра, кои потоа биле подложени на деконтаминациски протокол од три чекори. Потоа истражувачите употребиле микробиолошки техники за да ги идентификуваат микробите во примероците. Тие техники откриле 33 вирусни групи, вклучително и 28 антички вируси кои научниците никогаш порано ги немале видено.

Како што наведува тимот во трудот, климатските промени сега се закана и за нашата способност детално да ги регистрираме тие мали форми на живот и да бидеме безбедни од опасните.

- Во најлош случај топењето на мразот би можело да ослободи патогени во животната средина - истакнуваат научниците.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука