Објавен е трејлер за „Аватар: патот на водата“, кој доаѓа по краткото видео за најава што излезе во мај.
Филмот треба да почне да се прикажува во киносалите низ светот на 16 декември. Трејлерот ни дава свеж поглед на светот на режисерот Џејмс Камерон. Филмот е продолжение на „Аватар“, кој излезе во 2009 година.
Многу сцени во новиот филм се снимени под вода со помош на нови камери кои биле развиени за таа цел.
Покрај актерите од првиот филм, во продолжението треба да ја видиме и Кејт Винслет, која е најпозната по улогата на Роуз во „Титаник“.
Сè уште не се знае должината на филмот, иако се зборува дека треба да трае три часа. Планирани се уште продолженија на филмот кои треба да излезат во 2024, 2026 и 2028 година.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)