X
 03.12.2020 Наука

Социјалниот живот на пчелите и на луѓето е многу сличен, откриваат научниците

Истражувачи од Универзитетот на Илиноис во Урбана-Шампејн откриле неочекувани и интересни сличности помеѓу социјалниот живот на луѓето и на пчелите.

Во новото истражување научниците ги набљудувале социјалните мрежи на пчелите подолг временски период. Биле забележани некои сличности со социјалните мрежи на луѓето. Според нивната теорија, помеѓу пчелите се забележуваат индивидуални разлики, слично како кај луѓето.

Претходно, истражувачите покажале дека пчелите не комуницираат со другите пчели на ист начин, односно времето поминато во „дружење“ зависи од пчела до пчела. Научниците откриле дека има јасни разлики помеѓу времето што секоја пчела го поминува за различни настани, како пренесувањето храна.

Научниците заклучиле дека пчелите одбираат да поминуваат повеќе време со одредени пчели слично како што луѓето повеќе комуницираат со пријателите и семејството отколку со непознати.

Освен тоа, пчелите покажувале индивидуални карактеристики, иако единките што биле роднински поврзани наликувале едни на други.

Автор: Дерја Оздемир
Извор: interestingengineering.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука