Во едно неодамнешно истражување научниците открија дека постои очигледна врска помеѓу оптимизмот и долговечноста.
Научното истражување, кое вклучува расно разновидна група од 159.255 жени, покажува дека повисоките нивоа на оптимизам се поврзани со подолг животен век и поголема веројатност за живот по 90 години.
Истражувачите откриле дека врската помеѓу оптимизмот и долговечноста е очигледна меѓу расните и етничките групи и дека факторите на животен стил сочинуваат речиси четвртина од поврзаноста помеѓу оптимизмот и очекуваниот животен век.
- Иако самиот оптимизам може да се обликува од општествени структурни фактори, нашите наоди посочуваат дека придобивките од оптимизмот за долговечноста може да се одржат меѓу расните и етничките групи - вели водечкиот автор на истражувањето, Хајами К. Кога од Универзитетот „Харвард“.
Извор:
Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik