X
 03.12.2021 Култура

Драмски театар со претставата „Странци“ гостува во Белград

Драмскиот театар - Скопје со претставата „Странци“ вечерва ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА група Триглав“. Ова е второ издание на овој фестивал, кој се одржува во Белградскиот драмски театар, а почна на 30 ноември и ќе трае до 6 декември.

„Странци“ е „драмомедија“ во која седум пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отвoрајќи болни конфликтни ситуации. Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување.

Режисер на претставата е Нела Витошевиќ, а актерската екипа ја сочинуваат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура