X
 14.06.2020 Култура

Театар во Берлин открива како ќе гледаме претстави во иднина

Светот полека повторно се отвора и многу луѓе се прашуваат како местата за забава ќе се справат со барањата за социјално дистанцирање. Еден театар во Берлин отстрани 500 од своите 700 седишта, а сликите покажуваат што можеме да очекуваме кога ќе присуствуваме на културни настани.

Театарската група „Берлински ансамбл“ ги отстрани седиштата и оние што останаа ги премести за да има социјална дистанца кога театарот повторно ќе се отвори во септември.

Секој втор ред практично го нема, а преостанатите места се распоредени за седење или поединечно или во парови.

- За мене, новото седење е израз на копнеж на гледачите да се вратат во театарот - вели уметничкиот директор Оливер Рис и додава дека ансамблот ќе настапи со истата енергија за својата идна публика од 200 луѓе исто како да настапува за 700 луѓе.

1
Фото: Moritz Haase

- Во моментов испробуваме различни мерки и се приближуваме кон враќање, така што сакаме да се справиме флексибилно со новите искуства и брзо да реагираме на променливите услови - вели тој.

Другите безбедносни мерки вклучуваат бесконтактна проверка на билетите, услов публиката да носи маска додека да седне на своето место и примена на систем за управување со толпата при влегување и излегување.

2
Фото: Moritz Haase

- Штом се дозволи, веднаш ќе ги вратиме столчињата како што беа пред Ковид-19 - изјави Рис.

Извор: Lonely Planet
Фото: Moritz Haase
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура