X
 16.12.2020 Култура

Бројот на прикажани претстави во 2019/2020 во професионалните театри намален за 40, а во аматерските за 85 проценти

Коронавирусот навлезе во сите пори на општеството, па не е исклучена и културата. Најголем доказ за тоа се статистиките за бројот на претстави, концерти и приредби и бројот на посетителите.

Во периодот 2019/2020 година вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 40,6 %, додека бројот на посетителите е намален за 39,4 % во споредба со периодот 2018/2019 година, соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 221.

- Во периодот 2019/2020 година, во однос на периодот 2018/2019 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 40,3 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 36,7 %. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 85,1 %, исто така и вкупниот број на посетителите е намален за 86,5 % - стои во соопштението.

Од Државниот завод за статистика забележале дека во периодот 2019/2020 година, во однос на периодот 2018/2019 година, бројот на концертите е зголемен, додека бројот на посетителите на Филхармонијата е намален. Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2019/2020 година, во споредба со 2018/2019 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и бројот на посетителите.

Доколку сакате подетално да се информирате, одете ТУКА.

Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура