Актерот Никола Ристановски е прогласен за најдобар актер на фестивалот "Вршачка театарска есен", за насловната улога во претставата "Иванов".
Оваа претстава беше вистински лауереат на српскиот фестивал, освојувајќи четири награди, а била прогласена и за најдобра претстава според публиката. Ристановски ја толкува главната улога во претставата во режија на Тања Мандиќ, а продукција на Народно позориште од Белград. Фестивалот "Вршачка театарска есен" е посветен на класичната драматургија.