X
 03.12.2022 Култура

Нова серија на „Нетфликс“ руши рекорди во гледаност

Серијата „Венсдеј“ (Wednesday) го сруши рекордот во гледаност во една седмица за серии на англиски јазик на „Нетфликс“. Во серијата глуми Џена Ортега, која ја толкува Венсдеј Адамс.

Од 21 ноември до 27 ноември серијата има 341,2 милион прегледани часови. Нејзината премиера беше на 23 ноември. Претходниот рекорд за гледаност во една седмица го држела серијата „Почудни нешта“ (Stranger things), со 335,01 милиони часа.

Податоците покажуваат дека досега над 50 милиони домаќинства ја гледале серијата „Венсдеј“. Серијата е меѓу 10. најгледани наслови во сите 93 земји што ги следи „Нетфликс“, а се наоѓа на првото место на листата во 83 држави.

Серијата ја следи Венсдеј Адамс во годините како ученик на академијата „Невермор“. Режијата е на Тим Бартон.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура