Во универзум каде што светот запира за финалето на „Игра на троновите“, а филмовите како „Подемот на Скајвокер“ се гориво за консумерска културна војна, серијата „Темнина“ е нешто за кое сите треба да зборуваме и дискутираме.
Но, не зборуваме, и тоа е чудно.
Серијата совршено ја комбинира внатрешната семејна драма со патувањето низ времето, а третата и последната сезона на „Темнина“ („Dark“) неодамна ја доживеа премиерата на „Нетфликс“.
Во основа
серијата е oд жанрот мистерија. Слично како „Почудни нешта“, првата сезона на „Темнина“ е фокусирана исклучиво на потрагата по исчезнато дете. Но, во оваа серија детето не избега во паралелен универзум, туку во различно време, односно во минатото.
Имајте на ум дека серијата е прилично комплексна со испреплетени пресврти на ниво што прави „Вестворлд“ да изгледа како шоу за деца. Креаторите на серијата ги изработуваат овие пресврти со деликатно напишана студија за нарушени семејни меѓусебни односи и клаустрофобијата од мал град.
Фото: Screenshot/Netflix
Заплетот во серијата и ликовите, кои се поврзани меѓу себе, се комплексни до тој степен што „Нетфликс“ создаде посебна
веб-страница на која можете да ги следите сите ликови и односите меѓу нив. Доколку се збуните и заборавите некој, можете да погледнете на веб-страницата што ќе ви помогне да запомните многу работи. Во основа, веб-страницата нуди семејно дрво од сите ликови што се појавуваат во серијата, како и местата каде што се случуваат дејствијата во серијата и листа со сите сезони и епизоди.
Што се однесува до крајот на серијата, не постои начин на кој би биле задоволени сите гледачи. Причината за ова е затоа што „Темнина“ е полна со парадокси.
Фото: Screenshot/YouTube