Истражувачите од Етиопија се изненадиле кога на видео фатиле необично однесување на волците. Имено, првпат било снимено дека волците одат наоколу и лижат цвеќиња, исто како што пчелите кружат околу цвеќињата и собираат нектар.
Истражувачите ги снимиле црвените волци како ги посетуваат цвеќињата и ги лижат во потрага по сладок нектар и така пренесуваат полен од еден цвет на друг.
Сандра Ли, еколог од Универзитетот во Оксфорд, во својот научен труд објавен во списанието „Еколоџи“ изјави дека ова е првиот регистриран пример на голем месојаден опрашувач.
- Набљудувавме волци кои бараат нектар на цвеќињата, што резултира со релативно голема количина на полен депониран на нивната уста. Ова покажува дека тие би можеле да придонесат за опрашување - се наведува во нејзиниот труд.
Ако научниците докажат дека волците придонесуваат за опрашување на цвеќињата, тоа би ги сместило во мала група цицачи кои ја вршат улогата на опрашувачи. Во оваа група веќе спаѓаат глодачите, приматите и медоносните опосуми.
За време на нивната работа на терен, Ли и нејзините колеги веќе забележале дека волците имаат посебна склоност кон шеќерот. Тие снимиле еден волк кој посетил 30 цвеќиња во потрага по нектар.
Ли истакнува дека ова откритие на „месојадни опрашувачи“ укажува дека улогата на помалку познатите опрашувачи би можела да биде поголема отколку што се мислеше. Сепак, волкот со карактеристична црвена боја, со своите 500 единки, е најзагрозениот африкански месојадец. Се храни со одреден вид глодач кој живее само во планинските предели на Африка, на надморска височина од 3.000 метри.
The video provided in Supplementary Information from the very interesting paper by Lai and co-authors in Ecology, showing potential pollination by Ethiopian wolves of Kniphofia foliosa! 🐺Read it here: esajournals.onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1002/...@pollinet.bsky.social
[image or embed]
— FLOWer Lab 🌸🍒 🐝 🪰🔬🧬 (@flowerlab.bsky.social) November 21, 2024 at 11:41 AM
Извор:
Zimo.dnevnik.hr
Фото:
Wikipedia