X
 21.09.2016 Живот

Би патувале ли по најопасните 150 километри во светот?

Необична џунгла – место каде што природата постојано е против тебе. Каде што климата е топла а воздухот тежок, правејќи го дишењето макотрпна задача.

 

 

 

Телефоните и ГПС уредите не функционираат. Ова е една од црните точки на планетата. Ако не станете жртва на бунтовниците, наркодилерите и криминалците, тогаш некоја од многубројните отровни змии или пајаци ќе стави крај на вашиот живот.

Постои причина зошто 150-те километри помеѓу Колумбија и Панама се сметаат за „најопасниот пат во светот“.

Новинарот Џејсон Мотлаг ја поминал оваа џунгла заедно со 20 мигранти кои бараат подобар живот во САД. Тој вели дека заканите се од различен вид, а во таа џунгла нема ни од кого да побарате помош.

Нивната приказна не завршила добро, со оглед на тоа дека никој од нив не успеал да дојде до другата страна.

Интересен е фактот за постојаното зголемување на мигранти кои се упатуваат низ оваа џунгла, иако претходно не знаат каде точно се упатуваат. Се верува дека бројката на мигранти достигнува и до 25 илјади.

20-те мигранти кои се упатиле низ џунглата со Мотлаг се соочувале со лоши услови за живот во Југоисточна Азија и Африка. Но, не биле подготвени за она што ги чекало во „најопасното место на светот“.

 

 

 

Според Мотлаг, многумина од нив биле бесни и не јаделе ништо со денови, дури не ни спиеле. Други пиеле валкана вода од реката која ги разболувала. Се соочувале со физичка болка, само за да стигнат до границата со Панама.

Новинарот Мотлаг заедно со 20-те мигранти издејствувале на границата од Панамската страна да ги чекаат претставници од органите на власт.

Проблемот настанува кога претседателот на Панама, неколку дена пред да се појават на границата Мотлаг и мигрантите, донел одлука за забрана за влез во државата за сите оние кои се упатиле низ оваа џунгла. Сите кои се обиделе се соочиле со граничната полиција на Панама и биле вратени назад. Кога Мотлаг и мигрантите пристигнале на границата, биле одбиени. Мотлаг рекол дека мигрантите се вратиле назад во џунглата и никој не знае што се случило со нив.

 

 

 

Оваа џунгла наречена Дариен Геп не е место за туристи. И покрај тоа, швеѓанецот Јан Филип Брауниш си ја пробал среќата во 2013-та, но и неговата приказна не завршила добро. 26-годишникот исчезнал кратко откако влегол во џунглата. Минатата година, неговото тело било пронајдено.

Според известувањата на локалните власти, Швеѓанецот бил погоден со куршум во главата. Објавено било дека герилци го пресретнале додека се движел накај Панама со брод. Кај него рпонашле мапа од регионот и ГПС уред и помислиле дека е шпион.

Новинарот Џејсон Мотлаг кога ги слушнал ваквите приказни за најопасното место во светот си рекол дека мора да го документира и да го сподели ваквото искуство со светот.

Подготвил: М.П.

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот