Сите знаеме дека смеењето е одличен начин за намалување на анксиозноста во тешки времиња. Но смеењето може да има поголем ефект од едноставното подобрување на расположението. Истражувања покажуваат дека смеата ни помага побрзо да учиме, да бидеме покреативни и да бидеме поефективни во работата.
Според психологот Џенет Гибсон, која специјализира во проучувањето на хуморот, смеата е и моќна алатка за зајакнување на емоционалната интелигенција. Според неа, има повеќе научно потврдени
придобивки од хуморот, а меѓу другото, науката покажала дека ценењето на хуморот е знак за интелигенција. Гибсон открива и дека почестото смеење може да биде ефикасен начин за зајакнување на емоционалната интелигенција.
- Многу когнитивни и социјални вештини се активираат за да ви помогнат да препознаете зошто и кога се јавува смеата во текот на разговорот. Смеата создава врски и ја зголемува блискоста со другите - вели Гибсон.
Со други зборови, за хумор е потребно да ја видите туѓата перспектива и туѓите емоции и хуморот помага во зацврстувањето на односите со другите. Гибсон вели дека може да ја вежбате вашата емоционална интелигенција со намерно додавање повеќе хумор во животот.
Фото: Pixabay
- Со малку смеење секој ден може да ги подобрите социјалните вештини кои можеби не ви доаѓаат природно. Кога се смеете како одговор на хуморот, ги споделувате своите чувства со другите и учите од ризиците за прифаќањето, споделувањето и уживањето на вашата реакција од страна на другите, како и можното одбивање, игнорирање и недопаѓање - вели Гибсон.
Животот исполнет со смеа не е само знак на висока емоционална интелигенција, туку е и начин за проактивно зголемување на емоционалните вештини и личната благосостојба.
Како да се смеете почесто? Гибсон препорачува да се опкружите со луѓе со смисла за хумор, да гледате комедии или да ги запишувате смешните настани што ви се случиле во текот на денот.
Следниот пат кога ќе гледате забавна серија мислете на тоа како на вежбање на емоционалната интелигенција наместо како на загубено време.
Автор: Џесика Стилман
Извор:
inc.com