X
 07.02.2022 Забава

Американец купил 264 ливчиња за лотарија и сите биле добитни

Жител на американската сојузна држава Вирџинија добил висока награда на лотарија со вкупно 264 добитни ливчиња. Секое од ливчиња што ги купил му донело награда од 500 долари.

Џелен Тејлор добил вкупно 132.000 долари од две различни извлекувања. Тој ги купил ливчињата во два наврати. Првиот дел од ливчињата биле за извлекување на 18 ноември, а тој имал 104 ливчиња. Преостанатите 160 ливчиња биле за извлекување на 10 јануари.


Фото: Pixabay

Едно ливче чинело 1 долар.

- Имав претчувство. Кога имате претчувство, само играјте! - изјавил Тејлор.

Тој планира да инвестира дел од добивката, а да го заштеди другото.

Извор: Insider
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава