X
 25.06.2019 Живот

Парите не се тие што купуваат среќа, туку заштедата

Мал пораст на месечната заштеда има многу поголема веројатност да ве направи среќни отколку зголемувањето на платата, покажува едно ново истражување од банката Баркли и Центарот за економија и бизнис-истражувања. Истражувањето открива дека на долг рок луѓето што постојано имаат заштеда имаат поголема веројатност за 6 отсто да имаат повисока оцена на задоволство во животот.

Истражувањето покажа дека дополнителната 10 отсто заштеда од вашиот месечен приход има поголемо влијание врз среќата отколку да бидете среќно оженети/омажени и има исто влијание како да сте во добра здравствена состојба.

Истражувањето доаѓа како дел од извештајот да се искористат лекциите од Шведска, една од најсреќните земји во светот. Швеѓаните ја практикуваат уметноста на „лагом“, што значи „правилната количина“.

Дирк Кле, шеф на заштеда, инвестиции и управување со богатството во Баркли, вели дека е лесно да се потценат придобивките од заштедата или инвестирањето редовна сума секој месец.

- Без оглед на износот, ќе ви даде повеќе мир дека сте тргнале нешто за лоши денови и ќе ве приближи до вашите цели - вели Кле.

Тој додава дека извештајот ги охрабрува луѓето да престанат да размислуваат за богатството во смисла на пари и да почнат да ги гледаат своите финансии заедно со другите важни фактори и цели во нивниот живот.

Извештајот открива дека возраста е голем фактор во начинот на кој луѓето гледаат кон богатството. Во просек, оние помеѓу 18 и 34 години мислат дека им се потребни 383.375 фунти за да се чувствуваат како богати. Околу 10 отсто од оние меѓу 18 и 34 години велат дека веќе се богати.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот