X
 04.01.2023 Живот

Психолошки трикови за полесно постигнување на новогодишните цели

На почетокот од секоја година многумина си ветуваат дека ќе променат многу навики со цел да станат поздрави, поуспешни или подобри луѓе. Во голем дел од случаите, луѓето се мотивирани на почетокот, но мотивацијата ослабува по неколку дена или недели.

Доктор Марк Џелико, професор по психологија од Обединетото Кралство, вели дека постојат многу причини зошто луѓето не успеваат да ги постигнат саканите цели. Според него, постојат неколку трикови што можат да ви помогнат да постигнете успех и да се задржите на саканиот пат.

„Манифестирајте“, но разберете како функционира

„Манифестација“ е идеја дека доколку замислувате нешто доволно силно и живеете како тоа веќе да се случило, тоа навистина ќе се реализира. Според Џелико, нема директен доказ дека ова функционира, но има научно поддржани пристапи кои се слични на овој. Доколку се насочиме кон одредена цел, тогаш може да бидеме помотивирани да ја постигнеме и тоа може да поттикне размислување и однесување кое ќе ни помогне во постигнувањето на целта.

Џелико додава дека не треба да се откажувате од манифестирањето, но бидете покрај него истовремено треба да работите на постигнувањето на целта.

Внимавајте кога ги споделувате целите

Можеби сакате да ги споделите своите планови и цели со другите, но научните докази велат дека тоа може да направи да се чувствуваме како веќе да сме ја постигнале целта. Како резултат на тоа, може да не успееме на крајот бидејќи не сме вложиле доволно труд.


Фото: Pixabay

Бидете проактивни

Одредувањето на целите звучи едноставно, но луѓето најчесто не се доволно добри во нивното исполнување. Џелико препорачува размислување за реалноста на ситуацијата и пречките кои може да се појават за да се планира нивното надминување. Тоа заедно со деталното планирање на активностите за постигнување на целите може да доведе до успех.

Научете го својот карактер

Џелико вели дека постојат повеќе фактори кои може да влијаат врз начинот на кој луѓето им пристапуваат на целите. Затоа, тој препорачува учење на сопствениот карактер за подобро да се разберете себеси и своите тенденции.

Користете ја моќта на малите цели

Без разлика на целта што ви е поставена, постигнувањето мали цели на патот кон главната цел може да биде клучно во добивањето самодоверба и мотивација.

Извор: Upworthy
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот