Децата генијалци учат да читаат на 2, да свират на 4, да решаваат задачи на 6 и да зборуваат странски јазици совршено на 8 години. Нивните соученици понекогаш им љубоморат, а родителите се горди. Но, нивните кариери не завршуваат славно. „Њујорк тајмс“ пишува за развивањето на креативноста кај децата генијалци.
Адам Грант пишува дека децата генијалци ретко стануваат возрасни генијалци кои го менуваат светот. Причината за тоа лежи во нивните родители. Иако поголемиот дел од нас претпоставуваме дека причината е во недостатокот на социјални и емоционални вештини за соживот, тоа не е така.
Она што ги кочи е неоригиналноста. Овие деца се навикнати да очекуваат одобрување од нивните родители и восхит од професорите. Но, додека работат напорно за добра оцена или победа на натпревар се случува нешто неочекувано: Повторувањето е мајка на знаењето, но не прави ништо ново.
Она што се обидува да го посочи Грант е дека талентираните деца учат како да свират, но ретко компонираат и тие знаат, но не создаваат. Талентираните деца се фокусираат на учење на она што веќе го имаме, но не и на создавање нешто ново. Истражување покажува дека многу од талентираните деца ги чуваат своите идеи за себе. Кога ќе пораснат, многу од нив стануваат експерти во своите области и лидери во своите компании. Но, само дел од нив стануваат револуционерни иноватори. Тие ги применуваат вештините за да сјаат на работното место, но не ги менуваат правилата самите, туку ги следат.
Тогаш, што треба да се стори за да се воспита креативно дете?
Едно
истражување покажува дека треба да се намали со правилата. Според истражувањето, децата се покреативни во семејства со помалку правила. Со ограничување на правилата, родителите ги охрабруваат децата да размислуваат самите. Тие се фокусираат повеќе на наоѓањето на моралните вредности наместо на слепото следење на правилата.
Факт е дека не постои формула за воспитување креативно дете, меѓутоа „доколку сакате вашето дете да нови оригинални идеи во светот, треба да го оставите да ги следи своите страсти, не вашите“,
заклучува Грант.