X
 22.03.2016 Живот

Божидар Мандиќ: Како да ги воспитате своите деца кога целиот свет се впуштил во материјалните вредности?

Не е лесно да одгледате епоха. Потребно е зрело патронатство, разбирање и поддршка... и вера во себеси. Почит и почитување. Кој почитува во реалност не може да биде непочитуван. Луѓето се лоши родители на човекот, човекот е добар родител на луѓето.

Ни сега немам дилема кога некое од моите три деца би ме прашало: морал и хуманост или социјално ограбување? Би одговорил: првото. Се`уште ме радува дека и моите деца своите ги воспитаа во тој дух. Имаше смисла децата да се одгледуваат во шума, тие го запомнаа лицето на хуманоста и не ги заборавија нивните контури.

Често луѓето ме прашуваат како да ги воспитуваат своите деца кога целиот свет се впуштил во материјалните вредности. Велат дека сега во училишниот двор поважно е децата да имаат патики од скапи марки отколку да бидат другари. Родителите денес се незрели бидејќи имаат вакви дилеми.

Се чувствува недостаток на родителство кон планетата, природата, идеите. Децата можат да се поткупат, може да им се сервира лажно оправдување за зафатеност и оптеретеност, но животот не може да се излаже, може само да се издаде. Незаинтересираноста на возрасните е знак на незрелост и некомплетност во своето созревање. На сите страни се расфрлаат авторитетни знаења, а самите авторитети се полни со болка. Без интимност, тешко е со знаењето да се формира друго знаење. Вистинскиот родител е оној кој не учи никој, туку се предава, покажува и треба да биде пример.

Детето ретко кој не` почитува. Целиот процес се претвори во интелектуално туторство. Возрасните се казнуваат себеси поради тоа што не личат на децата. Мајката и таткото можат од своето дете многу повеќе да научат отколку обратно. Човекот се изгуби во желбата да биде важен, притоа запоставувајќи ја потребата детето да истражува, забележува и слободно да создава. Рамките на педагогијата и дидактиката толку пораснаа што се потиснува љубовта кон детето, малиот човек кој е неподготвен да го разбере овој свет.

Кога возрасните ќе го почитуваат детето, ќе дојде до промена на светот кон подобро. Родителите заљубени во производството на оружје и алатки не се добри родители на иднината.

Детето никој не го почитува бидејќи тогаш и самото човештво би морало да се пртвори во одговорност, чистота, поглед кој го развива духот на наредното време, но не го уништува. Тоа е потешко отколку да им помагате на децата, со што нив им е потешко. Помагањето на децата, со што правите да им е потешко, е осуда на времето во кое живееме и го негуваме искривеното лице на отуѓувањето. Никој не му е потребен на никого. Луѓето го „изедоа“ заедничкото трошење на времето и интимноста. Детето во сето ова се`уште не се вклопува, но често е присилено во ограничен простор, меѓу уреди и предмети, за понекогаш да ги погледне неговите родители и да ги превоспита.

Автор: Божидар Мандиќ:

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот